🎥Гурмешевиќ даде 14 гола – младинската драма меѓу Куманово и Бутел заврши без победник (ВИДЕО)

126

Со натпреварот меѓу Куманово и Бутел беше комплетирано 2. коло од младинскиот плеј-оф/аут, а овој дуел заврши без победник, 33:33, откако двете екипи не реализираа во последните секунди, односно голманите Атанасиј Трсунов (Бутел) и Григор Трајковски (Куманово) не дозволија да бидат совладани.

Одличен натпревар одигра членот на Бутел, Христијан Гурмешевиќ, кој постигна 14 погодоци (сите од игра). Левиот бек добива минутажа и во сениорскиот тим на бутелци, па така сигурно до крајот на натпреварувачката сезона ќе напредува уште повеќе. Гурмешевиќ во 2023 година беше прогласен за најкорисен играч (МВП) на Ф4 турнирот во кадетската лига, тогаш како член на Мулти Есенс, од каде што пристигна во Бутел. Кај Куманово најмногу се истакна Владимир Мицевски со девет погодоци.

Последните секунди од неизвесниот дуел

 

За двете екипи, овој натпревар немаше големо резултатско значење, но до крајот на сезоната сите посакуваат да освојат што е можно поголем број бодови. Бутел засега е на 4. позиција и има биланс од 11 победи, две ремија и седум порази, додека Куманово е на 6. позиција со биланс од девет победи, две ремија и девет порази.

Младинска лига, плеј-оф, 2. коло, резултати:
Куманово – Бутел 33:33 (14:14)
Владимир Мицевски 9/Христијан Гурмешевиќ 14
Еурофарм Пелистер 2 – Мулти Есенс 33:48 (14:19)
Томче Пецаковски 6/Јулиан Матески 18
Алкалоид – Пролет 34:35 (12:21)
Антонио Наковски 9, Марко Ковачевиќ 9/Лука Јовиќ 9

ТАБЕЛА

Целиот натпревар меѓу Куманово и Бутел на видеото во продолжение…

 

 

 

 

 

SPORT