🎥Ветеранката Гичева стигна до 100 гола во Првата лига (ВИДЕО)

108

Искусната Мери Гичева, поранешна репрезентативка на Македонија, посветено придонесува во развојот на женскиот ракомет во Прилеп. Со своето богато, вклучително и интернационално искуство, успешно им го пренесува знаењето и вештините на помладите членови на ЖРК Деспина.

Во претходните сезони таа покажа дека за неа годините се само број. Иако има 41 година, игра како во најдобрите денови, а нејзината пасија и посветеност се пример за помладите.

Изминатиот викенд, во натпревар од 20. коло од прволигашката конкуренција, тимот на Деспина триумфираше над Стружанка со десет гола разлика, 25:15. Гичева на овој натпревар, за околу 19-20 минути игра (колку што и настапи), постигна пет погодоци, а со последниот стигна до бројката од 100 гола во тековната сезона и моментално е на второто место на листата на стрелците.

 

До крајот на сезоната, тимот на Деспина ќе одигра уште шест натпревари.

Порталот користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе

SPORT