До крајот на натпреварувачката сезона во пионерската лига во женска конкуренција треба да се одиграат уште шест кола, а по 15 одиграни натпревари, клубот Спартак го има најдобриот стрелец.
Станува збор за Катарина Ракиќ, која во претходното коло против Кале Кичево запиша 11 погодоци, сите од игра. Десеттиот постигнат гол во спортската сала „Христо Узунчев“ за неа беше 100-ти, а со 11-от стигна до бројката од 101 гол на 14 одиграни натпревари во тековната сезона.
Ракиќ низ целата сезона има добар процент на реализација, постигнувајќи во просек 7.21 гол по натпревар, што е одличен учинок во младинските категории.
Интересно е што Ракиќ настапува со генерација 2010, иако е родена 2014 година, што дополнително го истакнува нејзиниот талент и голем потенцијал.