Славје на младите стружани во Охрид

124

За одбележување во досега одиграните натпревари од 16. коло во пионерската лига е одличната партија на Војо Клењоски, член на Струга. Клењоски, кој има и сениорско искуство, заедно со својот тим славеше во дербито против актуелниот бранител на титулата Охрид во СРЦ „Билјанини извори“ со 20:19.

Иако двете екипи веќе имаат обезбедено пласман во четвртфиналето, борбата за секоја топка беше голема, со оглед на тоа што и двете се борат за првата позиција во групата А.

Десниот бек постигна дури 12 погодоци за победничката екипа и уште еднаш покажа дека пред него претстои светла иднина.

На првата меѓусебна пресметка, која беше одиграна во Струга, триумфираа охриѓани со 19:13.

 

Група А, 16. коло, резултати:
Охрид – Струга 19:20 (11:9)
Илија Трајчески 9/Војо Клењоски 12
Бутел – Динг 17:21 (6:12)
Марко Димитриевски 7/Горазд Ојлески 6
Пролет – Вардар 19:22 (11:12)
Марио Поповиќ 6, Филип Коцев 6/Стефан Антевски 7
11.04, 11:00, Прилеп – Еурофарм Пелистер
Мулти Есенс – слоб

ТАБЕЛА

Група Б, 16. коло, резултати:
Гемиџии – Еурофарм Пелистер 2 12:21 (5:11)
Андреј Јакимовски 5/Филип Чокузовски 5
Радовиш – Алкалоид 9:30 (6:13)
Ристе Дулев 7/Мартин Грашевски 5
Шампион – Тиквеш 8:32 (3:17)
Огнен Иванов 3/Никола Јанчев 7
14.02, 20:15, Куманово – Младост
Македонија Ѓорче Петров – слоб

ТАБЕЛА

Порталот користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе

SPORT