Кадетите ќе се соочат со Грција, Шпанија, Косово, Црна Гора…на Медитеранското првенство

83

Машката кадетска репрезентација на Македонија ќе биде еден од учесниците на Медитеранското првенство во Словачка, кое ќе послужи како дел од подготовките за настап на Европското кадетско првенство во Србија.

Медитеранското првенство стартува утре и ќе се игра до 18 април во градовите Шаморин и Дунајска Стреда, а составот предводен од селекторот Горан Кузманоски ќе настапи во групата Б, заедно со репрезентациите на Грција, Шпанија, Косово, Црна Гора, Романија и Египет.

Во групата А, покрај домаќинот, ќе се натпреваруваат уште Тунис, Хрватска, Турција, Србија, Бугарија и Италија.

Кадетите од 14-те земји учеснички ќе се обидат да се претстават во добро светло, иако Медитеранското првенство за поголемиот дел од нив ќе претставува добра подготовка и одлична можност за проверка на силите пред следните големи настапи.

На Медитеранското првенство, натпреварите ќе се играат  во три периоди од по 15 минути.

По настапот на Медитеранското првенство, нашите млади надежи ќе играат и на Светското првенство во училишен ракомет. Овој настан ќе се одржи во Скопје во периодот од 22 до 28 април, додека кадетскиот континентален собир во Србија ќе се игра од 29 јули до 9 август.

Порталот користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе

SPORT