Селекторот на женската сениорска репрезентација на Македонија, Александар Ашаданов, го објави списокот на кошаркарки пред ноемврискиот ФИБА прозорец од квалификациите за Европското првенство во 2025 година.
На списокот кај Ашаданов партиципираат 16 кошаркарки, а меѓу нив се искусните Нена Трајчевска, Анџелика Митрашиновиќ и Александра Стојановска.
Од домашниот шампионат има девет кошаркарки, тоа се Илина Селцова, Ања Начевска и Елена Тасевска (Вардар), Ивана Кметовска, Катерина Поп-Димитрова, Сања Адамовска (Баскет кам), Михаела Алексовска (Крива Паланка), Мартина Марковска (Бадел) и Мартина Блажевска (МЗТ Скопје).
Македонија во ноември минатата година ги загуби првите два квалификациски натпревари, беше поразена од Португалија и Србија, а сега ја очекуваат дуелите со Украина на 7 и Португалија на 10 ноември, двете средби ќе се одиграат во Скопје.
Стартот на подготовките е закажан за 4 ноември.
Список на повикани сениорки за ноемврискиот ФИБА „прозорец“ 2024
1.Анџелика Митрашиновиќ – Плештанске Цајки – Словачка
2.Илина Селцова – Вардар
3.Мерит Хемпе – Олимпијакос – Грција
4.Тијана Митрева – Монкалиери-Италија
5.Матеа Николиќ – Бриксиа Баскет Бреша-Италија
6.Милица Николиќ – Студент (Србија)
7.Александра Стојановска – Неа Јониа-Грција
8.Нена Трајчевска – Архил-Шпанија
9.Ивана Кметовска – Баскет кам 2011
10.Сања Адамовска – Баскет кам 2011
11.Катерина Поп-Димитрова – Баскет кам 2011
12.Ања Начевска – Вардар
13.Елена Тасевска – Вардар
14.Михаела Алексовска – Крива Паланка
15.Мартина Марковска – Бадел 1862
16.Мартина Блажевска – МЗТ Скопје Аеродром