Битолчани првпат слават во ЛШ

167

Македонскиот шампион Еурофарм Пелистер во натпревар од 7. коло од Лигата на шампионите конечно дојде до прв триумф, откако славеше на гостувањето во Данска кај Фредериција со 25:23 (9:12). Битолскиот тим со освоените два бода се позиционира на 6 место во групата А, сега има три, а зад него се Висла Плоцк и Фредериција со по два бода.

Најефикасен во тимот на Еурофарм Пелистер беше Филип Кузмановски со пет погодоци, еден помалку имаа Осама Хосни и Жарко Пешевски. Голманот Никола Митревски бранеше кога беше најпотребно и натпреварот го заврши со 15 интервенции.

Порталот користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе