Мега баскет и Ангели им се вратија на победите, Црн Дрим славеше кај Бутел

227

Екипата на Мега баскет на свој терен славеше над вториот тим на Работнички со 83:78 во натпревар од 5. коло од второлигашката конкуренција.

Домашниот тим, кој настапи без Стефан Стефананџија поради повреда, победата ја обезбеди со одличната игра во второто полувреме. Гостите од Скопје во првиот дел имаа предност од 36:27, а во вториот дел следуваше фуриозна партија на домаќините, постигнаа дури 56 поени.

Предводници во победата на прилепскиот тим беа Благој Велески со 25 поени и Стефан Јаневски со пет помалку – 20. Кај гостинскиот табор Ѓорѓи Цветковски со 25 поени беше најрасположен.

За Мега баскет, кој во претходното коло беше изненаден од Водно Санс, ова беше трета победа во новата натпреварувачка сезона. Прилепчани во следното, 6. коло ќе гостуваат во Скопје кај Бутел, тим кој што на пет натпревари оствари две победи.

Ангели им се вратија на победите, откако славеа против Академија ФПМ со 79:55. Предводник во победата на Ангели беше Таулант Ибраими со 24 поени, 17 имаше Иван Балов, 12 додаде Теон Богатиновски, а 10 поени запиша Ангел Стојанов.

Тимот предводен од Игор Гацов наредниот викенд ќе гостува во Штип кај Соколи, кој влезе во победничка серија. На победа во второто коло се радуваа уште Црн Дрим и Соколи, а денеска ќе биде комплетирано колото со натпреварот меѓу Борец баскет и младиот тим на Водно Санс.

Дефинитивно по 6. коло, односно во седмата рунда ќе има интересни дерби дуели кои ќе направат промени на второлигашката табела.

Втора лига, 5. коло, резултати:
Ангели – Академија ФМП 79:55
Бутел – Црн Дрим 64:73
Мега баскет – Работнички 83:78
Маџари – Соколи 81:96
10/11, 16:00, Охрид – МЗТ Скопје Уни Банка
10/11, 17:00, Борец баскет – Водно Санс

ТАБЕЛА: Соколи 1933 9, Ангели 9, Црн Дрим 9, Маџари 8, Мега баскет 8, Борец баскет 7 (-1), Бутел 7, Работнички 2018 6, МЗТ Скопје 6 (-1), Партизан Водно Санс 5 (-1), Охрид 5 (-1), Академија ФМП 5 

Порталот користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе