Третолигашот Овче Поле од Свети Николе за преостанатиот дел од претстојната сезона доби големо засилување во своите редови. Станува збор за Марко Аргировски, играч кој зад себе има прволигашко искуство. Аргировски настапува на бековските позиции, а својата афирмација во мак-баскетот ја имаше во ТФТ.
Со клубот од Тафталиџе се натпреваруваше во регионалната БИБЛ-лига, доби солидна минутажа и неговото стекнато искуство сигурно ќе биде од голема помош за Овче Поле. Аргировски во својата кариера настапуваше и за Ангели.
Овче Поле во досегашниот тек од сезоната на четири одиграни натпревари оствари три победи, моментално, се наоѓа на лидерското место во групата Б.