Германскиот ракометар Нилс Кречмер, кој настапува за второлигашот Гросвалштат, е суспендиран од терените, откако бил позитивен на допинг тестот по натпреварот со Лудвигсхафен одигран на 29 септември.
Кречмер во Германија важи за ракометен инфлуенсер. На социјалната мрежа Инстаграм има над 416.000 следбеници, додека на „ТикТок“ има над 67.000 следбеници.