Куманово денеска го промовираше новото засилување од странство за вториот дел од натпреварувачката сезона 2024/25. Тимот предводен од Љубиша Димковски ќе биде посилен со средниот бек од Хрватска, Лука Матачиќ, кој во својата кариера има интернационално искуство.
Младиот ракометар, кој е роден 2002 година, во својата татковина беше дел од Ѓаково и Рудар Лабин, додека во странство го носеше дресот на МХАК Мартин од Словачка, па така Куманово ќе му биде втора интернационална станица.
Претходно Куманово се засили со тројца ракометари од Бразил – десниот бек Гиљерме Да Силва Фернандес, левиот бек Џанкарло Фепипе Хен и кружниот напаѓач Жоао Виктор Соарес Флорес.