Суперлигашот Бутел Скопје како дел од подготовките за вториот дел од сезоната ќе одигра неколку пријателски натпревари и ќе учествува на турнир во странство.
Избраниците на Горан Кузманоски ќе настапат на четвртото издание на меморијалниот турнир „Горан Ченгиќ“. Годинешниот турнир во чест на поранешниот репрезентативец на Југославија ќе се одржи во периодот од 17 до 19 јануари во Сараево.
На турнирот, покрај Босна Сараево и Вогошча, како и Бутел Скопје, ќе учествуваат и екипи од Црна Гора, Турција и Словачка.
*Горан Ченгиќ беше убиен на 14 јуни, 1992 година, во граѓанската војна во БиХ, откако се обидел да го заштити својот сосед, кој бил од несрпска националност.