Утре со натпреварот меѓу Италија и Тунис ќе биде отворено 29. издание на Светското првенство, на кое ко-организатори се Данска, Норвешка и Хрватска.
Еден од учесниците ќе биде и репрезентацијата на Македонија, која првиот натпревар на Мундијалот ќе го одигра во среда.
Избраниците на Кирил Лазаров за прв ривал ја имаат репрезентацијата на Унгарија, потоа во 2. коло ќе се соочат со Холандија (17 јануари), додека во последното коло од групната фаза ќе играат со дебитантот Гвинеја (19 јануари).
Распоред на утрешните натпревари на СП:
17:30 Италија – Тунис
18:00 Франција – Катар
20:30 Австрија – Кувајт
20:30 Данска – Алжир
Македонија натпреварите ќе ги игра во хрватскиот град Вараждин, а доколку обезбеди место во главната фаза, избраниците на Кирил Лазаров остануваат во „Вараждин Арена“ и ќе играат со трите најдобри од овие четири репрезентации– Франција, Катар, Австрија и Кувајт.