Екипата на Охрид доби големо засилување за вториот дел од натпреварувачката сезона. Станува збор за Петар Бошалески, кој во редовите на второлигашот пристигна од Пелистер. За Бошалески ова е камбек во својот Охрид, а првите чекори во кошарката ги направи во Глобал, потоа играше во Колибри, па тренираше во тимот на Охрид.
Бошалески во својата кариера беше дел и од Работнички, во скопскиот клуб играше две сезони, додека на репрезентативно ниво ги има поминато сите младински категории.
По зимската пауза, овој викенд ќе продолжат натпреварите во второлигашката конкуренција. Охриѓани во рамки од 12. коло ќе гостуваат кај Маџари.