🎥Коста Ќириловски со атрактивно забивање во победата на Студент Игокеа!

359

Еден од најголемите таленти на македонската кошарка, Коста Ќириловски, одлично се снаоѓа во својот прв интернационален предизвик. Ќириловски, кој минатото лето од Водно Санс се пресели во босанскиот шампион Игокеа, настапува и за помладокот на шампионот – Студент, кој се натпреварува во прволигашката конкуренција на Република Српска.

Студент Игокеа во натпревар од 19. коло оствари убедлива победа на гостувањето во Бања Лука против Академац со 85:55, а натпреварот го одбележа спектакуларното забивање на Ќириловски.

Погледнете…

 

 

Инаку, Коста Ќириловски минатото лето со јуниорската репрезентација на Македонија го освои првото место на младинскиот Евробаскет, одржан во Скопје, за кошаркари до 18 години. Во истиот клуб настапува заедно со уште еден македонски талент – Марко Луканоски.

Порталот користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе