Реновирана „Јанчица“, но Кичево се повлекува од Првата лига

215

Спортската сала „Јанчица“ во Кичево доби целосно реновирање по речиси четири децении, со што значително се подобрија условите за тренинг и натпревари. Поставен е нов покрив, реновирани се соблекувалните, а теренот доби нова подлога.

Вграден е систем за затоплување со топлински пумпи и соларни панели, како и ново осветлување и одводнување. Општина Кичево за проектот издвоила 500.000 евра.

Но, покрај овие позитивни промени, ракометниот клуб Кичево се откажа од настап во Првата лига. Причината, како и многу пати досега, е недостатокот на финансиски средства.

Со повлекувањето на Кичево, во плеј-аут фазата во прволигашката конкуренција ќе се натпреваруваат шест екипи – Партизан, Шампион, Текстилец, Преспа Вардар, Аеродром и Астраион.

 

 

 

Порталот користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе

SPORT