Женската репрезентација на Македонија денеска ќе го одигра првиот натпревар против Полска од баражот за пласман на Мундијалот 2025. Денешниот дуел е закажан за 20:30 часот во полскиот град Кошалин, додека реванш средбата ќе се одигра на 12 април во Битола.
Полска е истакнат фаворит на денешниот натпревар, но капитенот на Македонија, Сара Ристовска, се надева дека на добар резултат.
,,Ги анализиравме – имаат одлични играчи, и бекови и крила…Со неколку од нив ние, неколку девојки, веќе игравме едни против други во романското првенство и мислам дека добро ги знаеме нивните предности и слабости. Верувам во добра и квалитетна борба. Тоа се само два натпревари на кои треба да се остави срцето на терен ако сакаме да се пласираме на Светското првенство”, изјави Ристовска.
Светското првенство ќе се одржи во периодот од 26 ноември до 14 декември во две земји – Германија и Холандија.