Прв и последен репрезентативен натпревар за Маџовска во родната Битола

409

Вечерва во спортската сала „Боро Чурлевски“ (19:00часот), репрезентативката на Македонија, Симона Маџовска, ќе го одигра својот последен натпревар во дресот на македонската репрезентација – прв и последен репрезентативен натпревар во родниот град, пред своите сограѓани…

Поради тоа, искусната Маџовска ќе има дополнителен мотив да им помогне на своите соиграчки на вечерашниот натпревар против Полска, со цел да се избори пласман на Светското првенство 2025, кое ќе се одржи во Холандија и Германија.

Токму во спортската сала „Боро Чурлевски“, Маџовска ги направи првите ракометни чекори кога одлучи да стане дел од Феникс.

Маџовска заедно со Македонија настапи на два континентални собири – на Европското првенство 2022 во Македонија, Словенија и Црна Гора, како и на Европското првенство 2024 во Унгарија, Австрија и Швајцарија.

На вечерашниот натпревар против Полска, Македонија ќе брка четири негатива за пласман на Светското првенство.

 

Македонија сака пласман на СП – ќе „изгори“ ли Полска во битолскиот пекол?

Порталот користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе

SPORT