Македонските интернационалки Симона Василева и Теодора Стаменкова заедно со екипата на Атинаикос го освоија трофејот во второлигашката конкуренција во Грција. Со обезбедениот трофеј, клубот на двете Македонки си обезбеди промоција во најквалитетното домашно натпреварување, а сезоната ја заврши фуриозно – без ниту еден пораз.
Василева, која во Грција го има вториот интернационален предизвик по настапите за босанскиот Груде, во Македонија беше дел од екипите на Ѓорче Петров, Вардар, Спартак и Металург. Со Ѓорче Петров освои две домашни титули, во сезона 2021/22 и 2022/23.
23-годишната ракометарка игра на позицијата среден бек и може да одговори на сите бековски позиции, па така секој клуб кој ја има добива играч со широка употребливост во нападот.
Десниот бек Теодора Стаменкова потекнува од школата на Бисинов од Велес, а беше дел и од Вардар, Металург, Овче Поле СУ и Скопје.