ИХФ одлучи: Нема вајлд-карта за Македонија, Хрватска оди на СП!

120

Светската ракометна федерација (ИХФ) соопшти дека втората вајлд-карта за настап на Светското првенство во женска конкуренција оди во рацете на Хрватска, која во бараж двомечот беше елиминирана од Шпанија. Освен Македонија и Хрватска, за вајлд-карта аплицираа уште Литванија и Словенија.

Од светката куќа на ракометот исткакнаа дека уште важи правилото за немање конкретни критериуми за добивање на вајлд-карта, но во предвид секогаш се земаат неколку фактори, а едни од нив се популарноста на ракометот во земјата и остварените резултати на репрезентацијата во последно време.

Првата вајлд-карта ја доби Кина, втората требаше да оди кај САД, но Американците не ги исполнија условите што им ги наложи ИХФ.

Домаќини на Светското првенство 2025 ќе бидат Германија и Холандија.

Порталот користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе

SPORT