Кошаркарската репрезентација на Македонија ќе мора да оди по потешкиот пат доколку сака да обезбеди пласман на Светското првенство 2027 кое ќе се одржи во Катар. Нашите кошаркари прво ќе мора да минат низ претквалификациите, а доколку успеат, веќе се познати можните ривали во следната фаза, но сè ќе зависи од пласманот кој ќе го оствариме.
Вечерва во Доха беа извлечени групите за европскиот дел од квалификациите, кои ќе одредат кои 12 селекции од Европа ќе обезбедат виза за завршниот турнир. Според системот на натпреварување, вкупно 32 репрезентации ќе бидат поделени во осум групи, а најдобрите три од секоја група продолжуваат понатаму, односно во втората фаза.
Како што е познато, во втората фаза оние репрезентации кои обезбедија пласман ќе се најдат во четири новоформирани групи, па повторно најдобрите три ќе обезбедат директен пласман на Светското првенство.
Нашата репрезентација е дел од претквалификациите, заедно со Романија и Унгарија во групата Б. Натпреварите ќе се играат во периодот од 2 до 20 август, а две од овие три селекции ќе обезбедат место во главната квалификациска фаза.
Доколку Македонија биде прва во групата, тогаш во втората фаза ќе се сретне со селекциите на Грција, Црна Гора и Португалија, а доколку биде втора, тогаш за ривали ќе ги има Франција, Финска и Белгија. Втората фаза се игра од август 2026 до февруари 2027.
КВАЛИФИКАЦИИ ЗА СВЕТСКИ КУП 2027 – НАТПРЕВАРУВАЧКИ ГРУПИ
ГРУПА А: Шпанија, Грузија, А група-претквалификации-победник, Д група-претквалификации-второпласиран
ГРУПА Б: Грција, Црна Гора, Б група-претквалификации-победник (МАКЕДОНИЈА, Романија, Унгарија), Португалија
ГРУПА Ц: Србија, Турција, БиХ, A група-претквалификации-второпласиран
ГРУПА Д: Литванија, Италија, Велика Британија, Исланд
ГРУПА Е: Германија, Израел, Кипар, Д група-претквалификации-победник
ГРУПА Ф: Летонија, Полска, Ц група-претквалификации-второпласиран, Ц група-претквалификации-победник
ГРУПА Г: Франција, Финска, Белгија, „Б“ група-претквалификации-второпласиран (МАКЕДОНИЈА, Романија, Унгарија)
ГРУПА Х: Словенија, Чешка, Шведска, Естонија