Шампионот победнички ја започна одбраната на титулата

43

Актуелниот шампион на Македонија, Баскет Кам, поведе со 1-0 против Крива Паланка во финалната серија од прволигашкиот плеј-оф. Домаќинките триумфираа со 66-47.

Иако гостинките од Крива Паланка добро се држеа, сепак, кога најмногу требаше попуштија и дозволија домашниот тим да дојде до висока победа.

Најзаслужна за триумфот беше Кметовска со 27 поени, а одлична партија имаше и Димова со 24 поени. Максимовска додаде уште осум поени во убедливиот триумф.

Кај Крива Паланка, најефикасна беше Робинсон со 13 поени, Меклејни постигна 12, а Ѓоргиевска заврши со 10 поени.

Порталот користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе

SPORT