Историски ден за Маџари – обезбеден пласман во елитата!

77

КК Маџари денес испиша клупска историја, откако обезбеди пласман во најквалитетното кошаркарско натпреварување во Македонија. Култниот скопски клуб го совлада МЗТ Скопје Уни Банка со 2-0 во полуфиналната серија од Втората лига и следната сезона ќе се натпреварува со најдобрите екипи во Првата лига.

На вториот натпревар, одигран во малата сала во СЦ „Јане Сандански“, избраниците на Тодоровиќ славеа со 78-55. Со овој триумф Маџари обезбеди прволигашки статус и пласман во финалето на Втората лига, откако и првиот меч го доби убедливо – 105-57.

Кошаркарите на Маџари за трофејот ќе се борат со подобриот од дуелите на Ангели и Соколи.

Порталот користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе

SPORT