Екипата на Еурофарм Пелистер 2, која е пред експресно враќање во суперлигашката конкуренција, доби засилување во името на тунискиот интернационалец Мохамед Азиз Бен Махфуд.
Еурофарм Пелистер 2 е првата интернационална станица за младиот Тунижанец. 21-годишниот ракометар своето деби за пелистерци го имаше на натпреварот во Богданци против Младост.
Избраниците на Александар Зарков славеа со 35:25, задржувајќи го максималниот ефект во досегашниот тек од сезоната.