Трансфер од соништата: 17-годишен Црногорец ќе игра во Бундес лигата!

271

Еден од најголемите ракометни таленти на Црна Гора, Данило Гутиќ, од следната сезона ќе игра во Бундес лигата. Гутиќ, кој има само 17 години и настапува за младинските селекции на својата земја, потпиша тригодишен договор со Штутгарт.

Младиот десен бек потекнува од Морнар Бар, а во германскиот клуб ќе игра заедно со својот сонародник, голманот Миљан Вујовиќ. Гутиќ минатото лето пристигна во Штутгарт, тренираше во младите категории и ги задоволи критериумите на раководството на клубот, односно доби добри оценки за она што го прикажа.

Со својот физички потенцијал, Гутиќ важи за еден од најперспективните бекови на Балканот. Преселбата во најквалитетната лига на светот е само доказ за неговите квалитети.

Освен Гутиќ, Штутгарт за следната сезона се засили и со Антонио Серадиљо од Магдебург и Каспер Лин од Елверум.

 

Порталот користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе

SPORT