По Маџари, екипата на Ангели е вториот патник во Првата лига, откако во „мајсторката“ против Соколи триумфираше со 82:70 и со вкупни 2-1 излезе како победник во полуфиналната серија.
За клубот од Кисела Вода, ова е кам-бек во македонската елита по тригодишна пауза, и во наредната сезона ќе има можност да ги покаже своите квалитети против најдобрите домашни екипи.
Ангели и Маџари ќе играат финале за титулата кај второлигашите, додека Соколи и вториот тим на МЗТ ќе се борат за утешното трето место, кое не носи пласман во повисок ранг.
Шкупи и Вардар, кои се натпреваруваа во Првата лига, следната сезона ќе бидал дел од второлигашите.