Познат тренер со пцовки се истури врз своите ракометарки (ВИДЕО)

790

Контроверзниот тренер од Романија, Георге Тадичи, кој е предводник на Залау, повторно ги загуби нервите и се однесуваше недолично кон своите ракометарки. Во рамки на последното коло од најквалитетното романско натпреварување, тимот на Залау играше со Валчеа, а при водство на некогашниот европски гигант од 4-1, Тадичи реши да повика минута одмор незадоволен од лошиот старт на својот тим.

Додека ракометарките се бодреа меѓусебно и си даваа совети, Тадичи започна да ги пцуе и им рече: „Е*ете се“!

Ваквото однесување на познатиот тренер од Романија не е воопшто за изненадување, бидејќи во последните неколку сезони имаше неколку испади и кон ракометарките од неговиот тим, но и кон противничките играчи и судии.

Порталот користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе

SPORT