Екипата на Маџари го освои трофејот во Втората лига, откако во финалето триумфираше над Ангели со 79:67. Двете екипи следната сезона ќе бидат дел од прволигашката конкуренција и ќе се борат против најдобрите.
Утешното трето место им припадна на кошаркарите на Соколи кои славеа против МЗТ Скопје Уни Банка. Штипскиот и вториот тим на МЗТ остануваат дел од Втората лига.