Една од најдобрите ракометарки во Женската лига, Теодора Гулицоска, која беше страв и трепет за секоја екипа, реши да се повлече од ракометните терени.
28-годишната ракометарка од Струга ја заврши кариерата во дресот на Чаир, клуб со кој успешно настапуваше на домашна и на европска сцена.
Иако Гулицоска имаше одлични настапи, ниту еден од сегашните и поранешните селектори на Македонија не ѝ даде шанса да се докаже во националниот тим.
Покрај за Чаир, во својата кариера Гулицоска настапуваше и за Металург, Металург Автокоманда и Стружанка.
Чаир со денешната победа над Вардар од 38:32 го обезбеди третото место во Женската лига, а избраничките на Басри Љатифи ги очекува уште настапот на Ф4 турнирот од Купот на Македонија.