Македонија Ѓорче Петров блиску до суперлигашки бараж

330

Екипата на Македонија Ѓорче Петров пред својата публика освои два златни бода, откако славеше над Мулти Есенс со 28:25 (12:11).

Македонија Ѓорче Петров со денешната победа направи голем исчекор кон обезбедување на второто место во прволигашкиот плеј-оф.

Победничката екипа беше предводена од Бојан Чакалиќ и Марко Станојоски, двајцата постигнаа по пет погодоци. Во поразениот тим, Бобан Поповски, Филип Насевски и Марко Каракалашев постигнаа исто по пет.

Како што е познато, второто место носи суперлигашки бараж. Токму двете екипи на табелата имаат по 25 бода, а Мулти Есенс до крајот од сезоната треба да одигра уште со Драчево.

Македонија Ѓорче Петров двапати ќе ги одмери силите со Еурофарм Пелистер 2, кој веќе го осигура првото место на табелата.

 

Порталот користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе

SPORT