Најдобриот лев бек од кадетското ЕП останува во Војводина

183

Еден од најголемите ракометни таленти во Србија, Ѓорѓе Драшко, ќе остане во тимот на Војводина уште најмалку три сезони.

Левиот бек во тимот од Нови Сад сѐ почесто добива минутажа на домашните натпревари, каде што ги потврдува своите квалитети и напредок.

На само 18 години, Драшко веќе го привлекува вниманието на српската ракометна јавност со својата зрелост, физичка подготвеност и играчки инстинкт.

На Европското кадетско првенство во Црна Гора минатата година беше прогласен за најдобар леб бек.

Порталот користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе

SPORT