Поранешниот младински репрезентативец на Србија, Огњен Радојичиќ, кој во вториот дел од минатата сезона настапуваше во нашата Супер лига, поточно за Куманово, заедно со тимот на Касерио Сиудад Реал обезбедија пласман во Асобал лигата.
Касерио Сиудад Реал во баражот за пласман во најквалитетното натпреварување во Шпанија најпрво го доби полуфиналниот дуел против Пуерто Сагунто (30:23), а во финалето славеше над Бургос (31:27) и во следната сезона за првпат ќе заигра во Асобал лигата.
Освен тимот на Радојичиќ, пласман во Асобал лигата обезбеди и Хорнео Аликанте на Дарко Димитревски. Хорнео Аликанте пласманот го обезбеди со освоеното прво место во Втората шпанска лига.