Вардар и Еурофарм Пелистер во битка за талентиран среден бек од Целје!?

407

Младинскиот репрезентативец на Србија, Вукашин Антонијевиќ, би можел да се пресели во нашата Супер лига, пишува ракометниот агент и поранешен играч Хен Ливгот.

Според информациите на Ливгот, за Антонијевиќ се заинтересирани двата најголеми македонски ривали — Вардар и Еурофарм Пелистер, а дали Србинот ќе заврши во некој од двата клуба, ќе дознаеме наскоро.

Младиот Антонијевиќ, кој има 21 година, од сезоната 2022/23 го носи дресот на Целје. Со клубот од Словенија две сезони учествуваше во Лигата на шампионите, каде што стекна драгоцено искуство.

Во сезоната 2023/24, Антонијевиќ постигна 14 погодоци во групната фаза од најквалитетното европско натпреварување.

Средниот бек потекнува од школата на Металопластика Шабац, а во Целје работи под палката на португалскиот селектор Пауло Переира.

 

 

Порталот користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе

SPORT