Поранешниот репрезентативец на Хрватска и екс член на Вардар, Блаженко Лацковиќ, останува во Хамбург, продолжувајќи ја својата тренерска кариера како помошник на главниот тренер Торстен Јансен.
Бундеслигашот објави дека Торстен Јансен ќе остане во клубот најмалку до 2028 година, а Лацковиќ до 2027 година. Јансен на кормилото на Хамбург е од 2017 година, додека Хрватот по завршувањето на играчката кариера (2020) веднаш ја доби улогата на помошен тренер во клубот.
Искусниот Лацковиќ на репрезентативно ниво има освоено голем број медали, додека најголемиот успех на клупско ниво го оствари токму со Хамбург кога ја освои титулата во Лигата на шампионите во сезона 2012/13.
Дресот на Вардар го носеше две сезони – 2014/15 и 2015/16.