Тимот на Прилеп го доби првото засилување за новата сезона, откако склучи договор со репрезентативецот на Грузија, Сандро Дарсанија.
Станува збор за 20-годишен ракометар кој настапува на позицијата десен бек и кој ги има поминато сите младински селекции на земјата од Кавказот.
Младиот ракометар настапи со репрезентацијата на Грузија на Европското првенство 2024 и се очекува да биде големо засилување за македонскиот суперлигаш. На интернационално ниво, има настапувано во португалскиот шампионат, поточно во екипата на Беленсес.
Прилеп оваа сезона избори опстанок во домашната елита, а за наредната сезона амбициите на клубот ќе бидат пласман во плеј-оф сегментот.