📷Кипријановска се сели во Унгарија, ќе игра заедно со Џатевска!

465

Македонската репрезентативка Јована Кипријановска во следната сезона ќе настапува за унгарскиот тим Сомбатељ, каде што веќе игра и Ивана Џатевска.

Кипријановска, која три сезони помина во францускиот тим Ле Самбр Авенуа, реши дека ѝ е потребен нов предизвик во кариерата.

Минатата сезона, Кипријановска заедно со Ле Самбр Авенуа ја освоија шампионската титула во Првата француска лига и во штотуку завршената сезона играа со најдобрите тамошни екипи.

Десниот бек во Македонија го носеше дресот на Куманово, во матичниот клуб настапуваше до сезона 2021/22.

 

Порталот користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе

SPORT