Утре на теренот во СЦ „Јане Сандански“ ќе се сретнат двата најголеми ракометни ривали во Македонија – Вардар и Еурофарм Пелистер, во последниот натпревар од сезоната кој ќе одлучи кој ќе ја освои шампионската титула.
СЦ „Јане Сандански“ е целосно распродаден, а за сите оние кои не успеаја да купат билет, Вардар организира фан зона во паркот кај езерцата во Аеродром (веднаш до салата), каде што на голем видео бим ќе можат да го следат натпреварот во пријатна и весела атмосфера.
Покрај преносот, во фан-зоната ќе има музика, храна, пијалоци и многу изненадувања, со цел сите навивачи да уживаат во навивањето и пред и за време на натпреварот.
Двете екипи имаат ист број на бодови (19), а „црвено-црните“ триумфираа со 35:34 на првиот натпревар од плеј-офот.
Дали Вардар ќе ја врати титулата во свои раце, или пак битолчани ќе ја одбранат, ќе дознаеме утре.
Натпреварот е закажан за 19:30 часот.