Бразилското десно крило Рудолф Хакбарт имаше одлична сезона во Куенка и најави дека ќе биде големо засилување за актуелниот шампион Еурофарм Пелистер.
Новиот пелистерец блескаше во Асобал лигата, каде што сезоната ја заврши со 159 погодоци и се најде меѓу најдобрите стрелци. Неговите одлични партии му донесоа и номинација за најдобро десно крило на сезоната во шпанскиот шампионат.
Одлична статистика имаше и во минатата сезона, постигна 167 погодоци.
Хакбарт во Куенка одработи две сезони, претходно беше дел од Уеска и Ла Риоха од Логроњо, а во својата татковина настапуваше за Пињерио, Лондрина и Блуменау.
Најдобар стрелец за оваа сезона во најквалитетното натпреварување во Шпанија е Карлос Алварез од Адемар Леон со 178 погодоци.