Вицепрвакот Металург Автокоманда успеа да ја задржи во своите редови младата репрезентативка Марија Јанкуловска, која минатото лето се приклучи во таборот на Јулијана Дамчевска од старо-новиот шампион Ѓорче Петров.
Битолчанката во штотуку завршената сезона беше една од носителките на играта на тимот од Автокоманда, придонесувајќи значајно и во нападот и во одбраната.
19-годишната Јанкуловска во сезоната 2023/24 беше МВП на Ф4 турнирот од Купот на Македонија и се вбројува меѓу најталентираните млади ракометарки во нашата држава.
Металург Автокоманда, освен со Јанкуловска, го продолжи договорот и со десното крило Марија Гугуљанова и голманката Софи Ѓошевска, а до овој момент ги има ангажирано Анастасија Николовска, Ива Божиноска, Петра Јершек, Ана Марија Коларовска и Сара Ристовска.