Петровиќ: Благодарам Битола, беше чест да се игра пред најдобрите навивачи!

596

Еден од ракометарите кои си заминуваат од старо-новиот шампион Еурофарм Пелистер е десниот бек Павле Петровиќ.

Репрезентативецот на БиХ во Македонија пристигна на почетокот на 2021 година од матичниот Локомотива Брчко. Најпрво играше за вториот тим на битолчани, а потоа беше „прекомандуван“ во првиот тим, каде што имаше шанса да ги покаже своите квалитети и во Лигата на шампионите.

Петровиќ е дел од малата група ракометари кои ги освоија трите последователни титули со пелистерци. Во сезоната 2022/23 имаше солидно издание во Лигата на шампионите, а настапите во најквалитетното европско натпреварување за него значеа и исполнување на детскиот сон.

„После пет незаборавни години, време е да се каже збогум. Овој клуб ми даде повеќе од само место за играње – ми даде семејство, спомени кои никогаш не ги заборавам и дом далеку од дома. Благодарен сум за шансата да играм во Лигата на шампионите и да го остварам мојот детски сон. Благодарам на секој соиграч и поддржувач што застана до мене. Им благодарам и на оние кои ме научија на важни животни лекции. И на крај, благодарам Битола! Беше чест да се игра пред најдобрите навивачи. Заминувам со ништо друго освен благодарност во срцето и гордост за моето патување. Ќе се видиме повторно некој друг пат. До тогаш, ве сакам“, напиша Петровиќ.

 

25-годишниот ракометар својата кариера ќе ја продолжи во Линц, Австрија.

 

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Pavle Petrović (@p_pavle13)

 

 

 

Порталот користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе

SPORT