Младинскиот репрезентативец на Србија, Вукашин Антонијевиќ, најверојатно својата кариера ќе ја продолжи во старо-новиот шампион на Македонија, Еурофарм Пелистер, пишува „Handballia“.
Средниот бек, кој од сезоната 2022/23 го носи дресот на Целје, доколку се пресели во Битола, тогаш во Македонија ќе го има своето второ интернационално искуство.
Младиот ракометар потекнува од школата на Металопластика Шабац, а за неговиот потпис, според ракометниот агент и поранешен играч Хен Ливгот, постоел интерес и од Вардар.
Вардар и Еурофарм Пелистер во битка за талентиран среден бек од Целје!?