Кадетите започнаа со подготовки за ЕМОФ 2025

184

Машката кадетска ракометна репрезентација на Македонија започна со подготвителниот период пред настапот на Европскиот младински олимписки фестивал во Скопје.

Македонија на претстојниот младински фестивал ќе игра во група заедно со репрезентациите на Исланд, Шпанија и  Хрватска.

Селекторот Горан Кузманоски ќе се обиде да ја подготви репрезентацијата на највисоко ниво за натпреварите против квалитетните репрезентации.

Олимпискиот младински фестивал ќе се одржи во Скопје во периодот од 21 до 27 јули, а нашите кадети натпреварите ќе ги играат во СРЦ „Кале“.

Распоред и термини на натпреварите:
• 🇲🇰 Македонија 🆚 Хрватска 🇭🇷 – 21.07 🕢 19:30 часот
• 🇪🇸 Шпанија 🆚 Македонија 🇲🇰 – 22.07 🕢 19:30 часот
• 🇲🇰 Македонија 🆚 Исланд 🇮🇸 – 23.07 🕢 19:30 часот

Порталот користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе

SPORT