Екипата на Струга избори опстанок во македонската елита, откако во суперлигашкиот бараж славеше над Мулти Есенс со 24:19.
Ракометните љубители во градот, кој важи за ракометен расадник, повторно ќе можат да ги гледаат најдобрите екипи, но и своите големи таленти против нив.
Еден од нив е талентираниот Војо Клењоски, кој има само 15 години и неодамна потпиша професионален договор, па во Струга ќе остане најмалку уште четири години.
Клењоски настапува на позицијата десно крило, но досега многупати покажа дека одлично се снаоѓа и на бековските позиции.
„Најпрво сакам да изразам голема благодарност до мојот матичен клуб Струга за довербата што ја имаат во мене и во мојот труд. Мене ми е огромна чест што играм за Струга. Затоа, за следната сезона продолжувам да играм во пионерската и кадетската лига, а со склучениот договор и за првиот тим. Се надевам дека ќе ја оправдам нивната доверба и ќе го дадам својот максимум на теренот во секој натпревар“, изјави Клењоски.
🎥Струшкиот бисер знае и како бек – Клењоски со проектил во мрежата на битолчани