Битолчани ќе се борат за бронзата во ЛШ!

134

Еурофарм Пелистер ќе се бори за бронзата на Ф4 турнирот во младинската Лига на шампионите, откако во полуфиналето беше поразен од ГОГ Гудме со 36:21.

Ривал на избраниците на Фарук Мемиќ и Кире Митревски во мечот за третото место ќе биде подобриот од натпреварот меѓу Барселона и Веспрем. Данците го отворија натпреварот, но бргу возвратија пелистерци, а откако беше 2:2, Велевски погоди за 3:2 и прво водство на битолчани.

Во брзата игра, двете екипи грешеа, па така резултатот по пет минути игра беше 4:4. До петтата минута, голманот на Еурофарм Пелистер, Мелин Фехми, имаше три интервенции. Откако беше 4:4, ракометарите на ГОГ направија серија од 4:0 и кон средината на првиот дел се одлепија на 8:4. Кризата во таборот на македонскиот тим беше прекината со голот на Симоновски, кој намали на 8:5, но тимот од Данска започна постепено да ја зголемува предноста.

ГОГ во еден момент имаше предност од плус седум, 14:7, а пелистерци во завршниот дел од првото полувреме се обидуваа да се заканат и намалија на 15:12. Данците во последните две минути постигнаа два гола и на пауза заминаа со предност од 17:12.

За десет минути игра во вториот дел, ракометарите на ГОГ стигнаа до 24:13 и веќе тогаш беше јасно кој ќе биде патникот во финалето.

 

Порталот користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе

SPORT