Денеска ќе се одиграат двата полуфинални натпревари на Ф4 турнирот во Лигата на шампионите, а еден од тимовите кои ќе се борат за пласман во финалето е Фуксе Берлин.
Во тимот на Фуксе Берлин настапуваат двајца поранешни членови на Вардар – кружниот напаѓач Мијајло Марсениќ и голманот Дејан Милосављев.
32-годишниот Марсениќ беше дел од тимот на Вардар кој во сезоната 2016/17 ја освои својата прва титула во Лигата на шампионите, а сега има можност да се надева на втора титула во неговата кариера.
Марсениќ во интервју за српскиот портал „Спортски Журнал“ истакна играњето во Вардар било круна на неговата кариера, а се осврна и на новиот селектор на Србија, Раул Гонзалез, под чие водство настапуваше во Вардар.
„Тоа чувство беше фантастично, круна на мојата кариера. Раул Гонзалез е неверојатен тренер, еден од најдобрите во светот, а покрај тоа е и навистина одличен човек. Сигурен сум дека сите ќе напредуваме со него и дека тој е вистинскиот избор за репрезентацијата. Тој е целосно посветен на ракометот 24 часа дневно, и мислам дека ќе го искористи нашиот потенцијал на најдобар можен начин за да нè унапреди. Имавме одлична соработка, тимот процвета со него, сè уште сме во контакт и се радувам на новата соработка“, изјави Марсениќ.
Целото интервју може да го прочитате ТУКА.
Фуксе Берлин за ривал во полуфиналето го има Нант, додека во второто полуфинале ќе се сретнат Барселона и Магдебург.