Томовски се прости од Потсдам – ќе се врати ли во Македонија?

220

Македонскиот репрезентативец Мартин Томовски во новата сезона ќе има нов предизвик, откако реши да си замине од Потсдам, клуб кој не успеа да обезбеди опстанок во најсилната Бундес лига и сезоната ја заврши на последното место.

Томовски од Потсдам се прости на емотивен начин, истакнувајќи дека е благодарен за поддршката што ја добил од сите во клубот.

„Јас навистина уживав во моето време минато во Потсдам. Дури иако ми беше потребно време да се прилагодам, запознав одлични луѓе и вистински професионалци. Ова беше посебен период во мојот живот, не само на спортски, туку и човечки план“, изјави Томовски.

Тој во Потсдам имаше одлични партии во вториот дел од сезоната, а неговата одлична форма беше наградена со кам-бек во репрезентативниот дрес.

27-годишниот голман во Германија беше дел и од Лудвигсхафен, додека во Македонија беше дел од Вардар и Металург.

Порталот користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе

SPORT