Македонскиот шампион Еурофарм Пелистер во новата сезона шанса ќе му даде на довчерашниот член на вториот тим на пелистерци, средниот бек Мирче Калајџиески.
Младиот талент, роден во Струга, во Битола дојде од словенечкиот клуб Слован пред две сезони. Висок 180 сантиметри, а тежок 80 килограми.
Калајџиески на крајот од јуни ќе му се стави на располагање на стручниот штаб на Еурофарм Пелистер за подготовките за сезоната 2025/26.