Битолските таленти остануваат дома – Андреј Дамчевски ќе игра Супер лига!

193

Еурофарм Пелистер 2, кој по едногодишна пауза повторно се враќа во македонската елита, продолжува со оформување на тимот за новата сезона.

По Стефан Лазаревски, на долга верност со матичниот клуб се обврза и десното крило Андреј Дамчевски, кој потпиша четиригодишен договор.

Дамчевски беше дел од шампионската генерација во кадетска и вицешампионската во младинска конкуренција, како и учесник на завршниот турнир во Лигата на шампионите за млади категории.

 

Порталот користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе

SPORT