Еден од помладите ракометни таленти во Македонија, Лука Савовски, во следната сезона ќе го носи дресот на Алкалоид. Младиот среден бек, кој е производ на школата на Кузман Вардар, ќе биде дел од кадетскиот тим на Алкалоид, а не е исклучена можноста да настапува и за младинската екипа.
Савовски во претходните две сезони го привлече вниманието со одлични настапи во младинските категории за Кузман Вардар, а веќе има и сениорско искуство, настапувајќи во Првата лига.
Тренерот што го водеше низ најважните развојни фази, Александра Кузмановска, со посебна гордост му посвети објава на социјалните мрежи, споделувајќи дел од нивната заедничка ракометна приказна.
“Овој млад господин за првпат се појави на тренинг во РК Кузман во сезоната 2016/17. Сѐ уште јасно се сеќавам на тој момент — знаете оној специфичен момент кога ќе помислите: „Ова е тоа, ова дете е посебно.“ Од првиот контакт со топката, зрачеше со енергија, страст и фокус каков што ретко се среќава кај толку млад спортист. Начинот на кој ја гледаше играта, со љубов и разбирање, веднаш го издвои од останатите.
Никогаш немаше потреба да објаснувам вежба повеќе од еднаш. Брзо учеше, уште побрзо напредуваше. Беше пример за останатите – редовен, вреден, дисциплиниран и посветен. Природно стана капитен, не само поради неговите способности, туку и поради начинот на кој влијаеше врз тимот. Со секој тренинг, неговата игра добиваше нова димензија, а сѐ што правеше – го правеше со неверојатна леснотија, како да е роден за тоа.
Како тренер, можам само да кажам дека сум неизмерно благодарна што токму нашиот клуб го одбра како почетна станица во својата ракометна приказна. И уште повеќе – што ме одбра мене како свој ментор. Горда сум на тоа што израсна во играч, но пред сѐ во човек со здрави вредности.
Ти посакувам од сѐ срце многу среќа во новиот клуб, во новата средина со подобри услови и нови предизвици. Сигурна сум дека ова е само уште еден чекор кон големиот успех кој те очекува. Продолжи да сонуваш големо и никогаш не престанувај да работиш напорно – затоа што потенцијалот го имаш, а срцето ти е веќе победничко, изјави”, изјави Кузмановски.
Препознавајќи го неговиот квалитет, со Савовски минатата година реализиравме интервју.
View this post on Instagram