Младост Богданци со супер засилување – потпиша Даниел Андоновски

123

Прволигашот Младост Богданци продолжува активно да се засилува за новата сезона, во која ќе влезе со амбиции за камбек во Супер лигата.

Ново име во редовите на клубот од Богданци е Даниел Андоновски. Охриѓанецот од ноември минатата година беше дел од составот на Тиквеш, каде што пристигна од српскиот Врање.

Средниот бек, кој може да одговори и на другите бековски позиции, на меѓународната сцена настапуваше и за италијански Трст. 23-годишниот ракометар потекнува од Охрид, а покрај матичниот клуб, во домашното првенство настапуваше и за Вардар Јуниор и Прилеп.

Со своето интернационално искуство, Андоновски се очекува да биде големо засилување во редовите на амбициозниот прволигаш.

Младост Богданци од клупата ќе го води неговиот татко, искусниот стратег Горан Андоновски. За новата сезона, засега, се ангажирани и Лазар Адамовиќ од Радовиш, како и талентираниот Гоце Аргиров од Астраион.

Порталот користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе

SPORT